Премиерот Христијан Мицкоски во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше на актуелни теми. Неизбежно беше прашањето за полициските акции кои се случија во изминатите неколку дена во Македонија, меѓу кои и онаа во која се разбиени неколку криминални групи, и од таа акција се расчистени дури седум убиства.
„Станува збор за криминални структури кои биле присутни низ градовите во државава повеќе децении. Станува збор за група која што постојат основани сомненија за сторени криминални дела, меѓу кои и убиства. Врз основа на доказите кои се прибавени, станува збор за најсложена полициска акција во историјата на Македонија, и акција која ќе разоткрие убиства во изминатите години. Има признаено седум убиства досега“, рече Мицкоски.