ВИДЕО: Мицкоски зборува за можната коалиција со Вреди, очекува ли ултиматум за уставни измени?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Очекува ли лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутен победник на вчерашните парламентарни избори, Христијан Мицкоски ултиматум за уставните измени од албанската коалиција Вреди, со која претендира да биде коалиционен партнер во новата Влада?

На ова прашање Мицкоски, во „Само интервју“ на Канал 5 порача дека не сака ултиматуми, туку сака партнерство.

„Не сакам ултиматуми, сакам партнерство. Како јас што ги почитувам тие 106.000 гласови Албанци, очекувам и Влен да ги почитува 436.022 гласови на Македонците. Македонците гласаа 80% за ВМРО-ДПМНЕ, тие сите се против францускиот предлог. Затоа барам да разговараме за партнерство, не за ултиматум. Сите сме за ЕУ“, порача Мицкоски.