Мицкоски: Жалам што ДУИ и Ахмети ја споредија партијата со гума за спасување, очекував поголема креативност

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, по новинарско прашање за повикот Влен да излезе од Влада и да се приклучи на опозицијата, порача дека ДУИ пополека се навикнуваат на опозиција.

Како што вели, жали што ДУИ и лидерот Али Ахмети ја споредиле партијата со гума за спасување.

„Очекував поголема креативност, но тоа е што е. Им посакувам опозициски денови во кои ќе се реформираат, ќе можат да го пронајдат својот програмски идентитет, кадровски да се реформираат со нови свежи кадри, па можеби во некои од следните избори ќе се појават со поинаков пристап од оној што го гледавме повеќе од 20 години“, додаде Мицкоски.