Мизрахи: 1305 жртви од КОВИД 19, ќе беа далеку помалку да не беше неспособноста на Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„КОВИД 19 не е статистика. Секојдневно се држат пресконференции на броеви. 195 починати за една недела, 1305 од почетокот на пандемијата во месец март. Но, КОВИД 19 не е статистика. Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки,татковци, сестри, браќа, нечии деца“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс.

„Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со прес конференции, туку со мерки, протоколи и мобилизација на сиот квалитетен кадар. И додека се продава скап ПР со единствена цел ” да се избега од одговорност” во стил на ова владеење, јасно е господине премиер, ив ие господине Министер за Здравство, одговорноста е целосно ваша“, додаваат од ДПМНЕ.

Тие вечерва организираа настан во знак на почит на жртвите од Ковид

„Тие не се тука поради неспособната влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка. Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот“, велат од ДПМНЕ.