Младенци во Србија привлекоа внимание: Од венчавка директно на гласање за да ја исполнат граѓанската должност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Необична сцена на денешните избори во Србија привлече внимание кај минувачите – младенци, облечени во костум и венчаница, од свадбената прослава пристигнале директно на избирачкото место за да ја исполнат својата граѓанска должност.

Нивното пристигнување предизвикало реакции кај присутните, кои ги поздравиле со аплауз.

За младенците, денешниот ден и изборите добиле посебно значење, а тие покажале дека дури и на еден од најважните денови во животот може да се најде време за гласање.

Во Србија денеска, 25 октомври, се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои граѓаните избираат 250 пратеници во Народното собрание.

Право на глас имаат 6.451.292 избирачи, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, кои се отворени до 20 часот.