Многу понуди, целиот фокус на АА – ќе има ли двајца Албанци кандидати за претседател?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако повеќе се фокусираа на коалициите за парламентарните избори, партиите не ги заборавија ниту претседателските кандидати. Европскиот сојуз за промени започна разговори со потенцијалните кандидати, а еден од нив е и Руфи Османи.

-Малку е рано, но мислам дека ќе биде сеопфатен кандидат, инклузивен на достоинствен начин, кој ќе ги претставува Албанците во Македонија како кандидат за претседател.-рече Меџити.

-Дали Руфи Османи е еден од потенцијалните кандидати?
-Не исклучувам, имало разговори.

И додека зборуваме за албанската опозиција, според информациите на ТВ 21, Албин Курти имал средба со Зијадин Села, на која било предложено во името на Европскиот сојуз за промени, ако Алијанса за Албанците биде дел од оваа колиција, кандидат за претседател да биде Арбен Таравари. Сепак, првиот човек на партиското собрание, Зијадин Села, не дал поддршка за оваа идеја.

Ниту Демократската унија за интеграција нема конкретна одлука со кого ќе се натпреварува на претседателските избори, бидејќи чекаат Алијанса прво да се приклучи на „европскиот фронт“. Доколку АА и се придружи на ДУИ, претседателскиот кандидат може да дојде и од редовите на АА. Првично ДУИ сакаше да излезе со консензуален кандидат со СДСМ, но според информациите на ТВ21 се предомислиле откако се дознало дека опозицијата ќе има свој кандидат за претседател.

Што се однесува до македонскиот блок, СДСМ, вчера ја отвори процедурата за претседателски кандидат со тоа што ги повика општинските ограноци на партијата да го предложат својот кандидат. Во СДСМ можеш да се настапи и индивидуално.

Од ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопштија дека ги избрале делегатите кои ќе ги избираат кандидатите за претседател. Иако нема ништо конкретно и официјално, според внатрешните анкети, фаворити се Александар Спасеноски и Гордана Силјановска Давкова.

Официјален кандидат до сега е само лекарот Вело Марковски кој ќе се кандидира како самостоен а оваа одлука ја донесе во октомври минатата година.