Многу ветувања беа дадени во текот на изборната кампања. Но што велат граѓаните, дали веруват дека ветувањата ќе бидат исполнети од новата Влада кој е на прагот на формирањето?!
„Не знам, тие самите знаат подобро, дали ќе ги исполнат тие знаат. И претходно кажав треба тие да одлучат дали се способни да работат како што треба, доколку продолжат кон другата страна, тогаш се знае“.
„Мислам дека многу се фалеа, ќе видиме“.
„Треба, мора“.
„Мислам дека како што ќе помине времето неколку процеси ќе назадуваат, значи ќе биде уште полошо, процесите ќе назадуваат“.
„Не верувам дека ќе ги исполнат, причината – искуството од минатото. Се надеваме дека нешто ќе се промени но ќе видиме“.
Но што мислат граѓаните за процесот на членство во ЕУ. Анкетираните граѓани велат дека Македонија нема друга опција и очекуваат оваа Влада да ги води процесите напред.
„Не знам како да кажам, доколку се способни треба да настојуваат и да ги спроведат уставните измени“.
„Не верувам, немам доверба. Односите со Бугарија и Грција се нарушени“.
„Тоа зависи од многу околности, доколку има можност ЕУ да ја повлече Македонија за краток период можеме да се зачлениме, а во реални услови не“.
„Оваа нова влада има за задача да го зачува стариот курс и немаат друг пат, единствениот пат е членството во ЕУ и подобрувањето на економската состојба бидејќи таму се испреплетува се“.
Инаку следната недела се очекува да се формира новата Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ВРЕДИ и ЗНАМ.
