Борбата против корупцијата последниве денови е главна тема, а ниеден предмет што го започнала Антикорупциската комисија не е процесиран. Шемси Салаи, член на Антикорупциска, во емисијата 10 Минути на ТВ21 рече дека за 4 години постоење ниеден нивен предмет за корупција, непотизам или конфликт на интереси, не е процесиран.
„Нашите иницијативи не се стигнати до суд. Значи, до обвинителство и таму имаат завршено. За 4 години имаме околу 27 иницијативи за кривична одговорност и 31 иницијатива за одговорност од разни други органи против функционери или други вработени кои го прекршиле законот За сите нив, нема епилог“, вели Шемси Салаи.
Злоупотреба на 3.5 милиони евра за 150 луксузни автомобили во време на пандемија, избор на ќерката на собранискиот спикер Џафери во Надзорниот совет на ЕСМ, сомнителни трансакции на презентерката Ејупи, сомнеж за злоупотреба на позицијата на министерот за култура Хисни Исмаили, злоупотреба на средства од ЕУ од екс директорката Лидија Димова, се само неколку од случаите кои ги покренала Антикорупциска но ниеден од нив нема судски епилог. Соред Салаи, некои случаи се уште се во фиоките на Обвинителството и чекаат одговор, а најголемиот дел од предметите се отфрлени како неосновани или бидејќи не содржат елементи за покревање тужба на суд.
„Сега влијание има политиката, влијанието е нешто што не може да се докаже како такво, но од самиот факт дека не е постапувано на време, тоа се елементи кои го даваат тоа влијание, до некаде и докази за влијанието“, додава Шемси Салаи.
Во меѓувреме сите сегашни и поранешни функционери се изјасниле дека се подготвени за борба против корупцијата, но во пракса ниедна власт не сменила ништо. Американската амбасадорка Ангела Агелер рече дека корупцијата во Македонија е очигледна и кога граѓаните одат на лекар, кога запишуваат дете во училиште и кога бараат работа.
