Многумина против фудбалската Супер Лига, УЕФА во петок одлучува дали ќе исфрли три тима од ЛШ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По најавата дека големите фудбалски клубови формираа Супер Лига и планираат да се натпреваруваат во неа, вртејќи го грбот на УЕФА, со реакција се јавија многу федерации, клубови, навивачи, екс фудбалери.

Главно сите се против ова натпреварување, односно дека не е потребно такво нешто.

Фановите на Ливерпул, Арсенал, Манчестер Јунајтед и другите тимови учесници во Супер Лигата се собраа пред стадионите, и го искажаа својот револт. Дури и на вечерашниот меч меѓу Лидс и Ливерпул, над стадионот се појави авион со транспарент: „Кажете не на Супер Лигата“.

Фудбалската федерација на Германија се јави дека е против, исто како и Лидс чии фудбалери излегоа со маички: „Фудбалот за навивачите“.

Реакциите на социјалните мрежи се исто така со негативни коментари за Супер Лигата. Исто така се јавија и поранешни играчи како Рио Фердинанд, Фил Невил и други легенди кои се против ова натпреварување.

УЕФА во петок најави состанок на кој ќе одлучува дали ќе ги суспендира трите тима од Лигата на шампионите: Манчестер Сити, Реал Мадрид и Челзи, кои најавија учество во Супер Лигата.

УЕФА гласно се спротивстави на оваа одлука, и најави суспензии.