Трагична сообраќајка во Словенија: Загинаа двајца малолетници и едно полнолетно лице, македонски државјани – МНР ја потврди информацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца државјани на земјава, едно полнолетно лице и двајца малолетници, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот А1, во близина на Унец, Словенија, потврдија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според МНР, во несреќата се повредени и две лица кои исто така се наоѓале во возилото и се македонски државјани.

“Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката#, соопштија од МНР.

Македонската амбасада во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Според Авто-мото сојузот на Словенија, несреќата се случила вчера попладне, кога камион поради дефект застанал на просторот предвиден за запирање. Од засега непознати причини, возачот на автомобилот удрил во задниот, лев дел од приколката.

Во моментот на несреќата, во возилото се наоѓале пет лица, сите државјани на Македонија. Лекарот на местото на несреќата констатирал смрт на три лица. Едно тешко повредено лице со хеликоптер било пренесено во болница, додека возачот на возилото бил пренесен со возило на итната медицинска помош.