Момче ги помешало броевите на билетот, па седнало во погрешен вагон и се спасило од несреќата во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Панајотис Стафилос е момче кое ја преживеало железничката несреќа во Грција во која загинаа повеќе од 40 лица.

Тој имал билет за вториот вагон, но направил грешка, па седнал во друг. Токму првиот и вториот вагон се целосно уништени од несреќата, кога патнички воз удри во товарен во близина на Лариса.

Ова момче да седело каде што требало според билетот, веројатно сега би било мртво.

Петтиот вагон во кој се нашло момчето, останал на шините и тоа го спасило.

„Чиста среќа благодарение на Господ“, рече тој за „Би-Би-Си“.

Стафилос кажа дека пред сударот, возот стоел 15 минути во Лариса, но тогаш не размислувал многу, затоа што доцнењата на возовите се вообичаени во Грција.