Вака изгледа мостот Беласица кој беше зафатен од пожар пред една недела. Од тогаш е надвор од функција а до кога ќе биде затворен, не се знае. Според еден од жителите на овој дел од градот, пожарот бил очекуван бидејќи тука вообичаено живеат бездомници, кои постојано палат оган а властите не реагираат.
Освен ова, граѓаните се жалат и за гужвата во сообраќајот предизвикана од затворањето на мостот.
И додека граѓаните го трпат овој сообраќаен метеж, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања. Кај опожарениот мост денеска дојде портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски од каде упати апел до надлежните што поскоро да го вратат мостот во функција.
Град Скопје утрово соопшти дека се работи на вештачење на состојбата на мостот за да се утврди дали има конструктивни оштетувања. Мостот во моментов е затворен како превентивна мерка, додека не добијат гаранции од надлежните институции дека е безбеден или не треба да се интервенира, велат оттаму, додавајќи дека е непотребно декани, неидентификувани стручњаци како и неидентификувани“. извори“ да предизвикуваат паника кај граѓаните.
