Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 одговори дали можеме да дојдеме до минимална плата од 450 евра.
Според него, ваквото паушално покачување само затоа што сме пониско од другите држави не го прифаќаат.
„Затоа што платата е резултат на продуктивноста во една економија, ако имате лоша структура, ако имате трудо-интензивни вредности, ако имате дејности со ниска додадена вредност вие не можете да се мерите со земји кај што има висока технологија“, вели Димитров.