Домашна маска за лице за мрсна кожа која ќе спречи појава на акни.
Маска за лице од цимет и мед
Циметот има антибактериски соединенија и е ефикасен против Staphylococcus aureus, бактериите кои предизвикуваат акни. Кога се комбинира со мед, помага да се одржи кожата чиста со намалени воспалителни процеси.
Потребно е:
1 лажичка мед
малку цимет во прав или 1 капка масло од цимет
Постапка:
Прво измешајте ги двете состојки, а потоа нанесете ја на лицето. Почекајте 5 до 10 минути, а потоа исплакнете.
Внимание:
Циметот кај некои луѓе може да предизвика иритација на кожата, па доколку забележите црвенило, не треба да го применувате понатаму.
