Тик-Ток веќе е на мета на полицијата. Оваа социјална мрежа која го полуде светот стана причина органите на редот да уапсат 39 годишно лице по објавување на видео на кое се гледа како му дава оружје на едно момче и го учи да пука.
Лицето на видеото од село Боговиње, Тетово, кој 13 секунди по Нова Година го објавил видеото на Тик-Ток. По некое време видеото било избришано од Тик-Ток, но во меѓувреме истото станало вирално на другите социјални мрежи.
По видеото на Тик-Ток, полицијата веднаш преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика го открила идентитетот на лицето кое подоцна било уапсено. Во меѓувреме полицијата ќе покрене соодветна претставка за “недозволена обработка, поседување и трговија со оружје или експлозивни материјали“, со санкции според Кривичниот законик.
„Секторот за Внатрешни работи Тетово веќе го лишил од слобода А.Џ. (39) од селото Боговиње под сомнение дека на социјалната мрежа Тик-Ток објавил видео, каде малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица. Тој е уапсен во полицискиот оддел во Камјан и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, велат од МВР.
Пред една недела министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека полицијата е со засилени активности за пронаоѓање на прекршителите и на социјалните мрежи.
Социјалната мрежа Тик-Ток во последно време стана причина за многу казни и овозможи полесно идентификување на лицата кои ќе извршат некое прекршочно или кривично дело. Сличен беше случајот со лицето кое со автомобил Бентли влезе на плоштадот во Скопје, или пак со лицето кое паркираше пред споменикот на Цар Самуил.
