Мухамед Сејдини вечерва поднесува оставка, ФФМ до крајот на годинава добива нов претседател

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Актуелниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини поднесува оставка од функцијата, која треба да биде верификувана вечерва од страна на УО на ФФМ.

Тој после победата над Фарски Острови, на фудбалерите им соопштил дека заминува од функцијата.

Како што дознава ТВ21, на 27. декември ФФМ треба да добие нов претседател. Најсериозен кандидат е Масар Омерагиќ.

До тогаш ФФМ се очекува да ја води сегашниот потпретседател Лазар Ракиџиев.