Еден од членовите на Судскиот совет, Миљазим Мустафа истакна дека не размислува за своја оставка од функцијата доколку Собранието му изгласа недоверба.
Тој, како што истакна за вториот канал на МРТ, би поднел оставка само ако се констатира професионална повреда или пропуст, но не и поради интерпелацијата во законодавниот дом.
„Додека такво нешто не постои, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност да преземам таков чекор. Не сакам да се мешам, ниту да коментирам за законските права на пратениците во Собранието на Република Македонија, но мислам дека тоа не е вистинскиот начин да се реши ситуацијата што владее кај нас“, изјави Мустафа.
