Муцунски: Чувството за предавство е длабоко – државата направи се што беше побарано, а членството во ЕУ не е на дофат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министеорт за надворешни работи Тимчо Муцунски се обрати на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде говореше за процесот на интеграцијата на државата во ЕУ.

„Замислете го разочарувањето кај држава која има направено се што било од нејзе побарано, само за да и биде кажано дека целта се уште не е на дофат. Како ја одржувате надежта кога чувствувате дека принципите зад кои стои Унијата – солидарноста правда и единствено, не се применуваат еднакво? Издржавме длабоки неправди на патот кон ЕУ.

Поминавме низ промена на име, идентитетски дебати, и историски дебати само да ги исполниме барањата кои беа дадени пред нас. И дека многумина ќе кажат да не жалиме за тоа поради постигнување на мирот и прогресот, но не можеме да ја игнорираме емотивната цена што беше нанесена на нашиот народ. Чувството за предавството е длабоко, особено кога нашите искрени напори да се усогласиме со европските стандарди се пречекани со дополнителни одложувања и несигурност. Но и покрај тоа одбиваме да се предадеме на очајот. Нема да дозволиме овие неправди да го хранат евроскептицизмот или наративите дека сме жртви. Ќе продолжиме да се бориме за нашето праведно место во Европа.“, изјави Муцунски.