Муцунски: Фрчкоски направил злоупотребa на буџетски средства, штетата е шест цифри во евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска откри дека поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски направи многу злоупотреби на буџетски средства, и дека штета е шест цифри во евра.

„Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а понатаму ќе имаме обврска, да ги информираме релевантни институции од правосудството, но што ќе преземат тие излегува од наша надлежност и преминува во нивна надлежност, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. 

Муцунски напомена дека вакви ситуации не смеат да се повторуваат и најави максимално почитување на Законот за надворешни работи.

„Давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Беше спомнат и терминот тужба, и другата страна ќе има право да приложи свои аргументи и докази. Тоа што го видов е за одредени ноторни состојби, ноторни факти, но секој има право да ги даде своите аргументи, рече Муцунски.