Муцунски на Бледскиот форум, говорник на панел за Централна и Југоисточна Европа и геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, која се одржува над две децении крај Бледското езеро во Словенија.

На форумот, кој годинава се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, Муцунски ќе говори на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разгледуваат геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.

„Покрај учеството во официјалната програма, министерот Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан. На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот“, соопштија од македонското МНР.