Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамен Хадад, за време на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.
Муцунски повторно ја потврдил посветеноста на Владата на реформите и побарал забрзување на процесот на пристапување во Европската Унија, оценувајќи ја земјата како конструктивен партнер во регионот.
И покрај барањата за побрза интеграција, евроатлантскиот пат на Македонија останува блокиран без усвојување на уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот — клучен услов што произлегува од францускиот предлог за отворање на преговорите со ЕУ.
