Муцунски со честитка до Студентската листа за изборната победа во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продлабочувањето на пријателството и добрососедските односи меѓу Македонија и Србија останува еден од приоритетите во билатералната соработка, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упатувајќи честитки по парламентарните избори во соседната земја.

Во објава на социјалната мрежа „Х“, Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за успешно спроведените избори, а на претставниците на Студентската листа им посака успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните“, напиша Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија нагласи дека земјата останува цврсто посветена на натамошното унапредување на односите со Србија, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на регионот.