Муцунски: Владата ги следи само тесните партиски интереси, а не оние на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Намалувањето на ДДВ за струјата како предлог од ВМРО-ДПМНЕ е за потребите и на граѓаните и на компаниите, рече Муцунски во денешното гостување во 10 минути и додаде дека Владата ги следи само тесните партиски интереси, а не оние на граѓаните.

„На Македонија во овие тешки времиња и се потребни даночни олеснувања, тоа ќе им значи и на граѓаните и на компаниите. Наша улога како политичари е да ги разбереме потребите на граѓаните и компаниите и во таа насока да делуваме“, истакна Муцунски.

На прашањето дали сметаат дека владата ќе им го поддржи овој предлог, тој објасна со примери од минатото искуство.

„Предложивме да има бесплатно ПЦР тестирање за сите граѓани, тој закон беше одбиен и сега граѓаните плаќаат високи цени за ПЦР тестови во приватни клиники“, додаде Муцунски.