МВР ќе поднесе кривична пријава за едно лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на денешната прес конференција посочи дека МВР ќе поднесе кривична пријава против едно лице.

„Осомничениот на 8 март околу 13 минути по полноќ направил влез на ГП Табановце според правните прописи и истиот веднаш од здравствена екипа на Институт за јавно здравје е известен и информиран за одлуките на Владата дека е прогласена епидемија од КОВИД-19. И истиот е обврзан да биде во самоизолација со давање на своерачна изјава каде е дозволена самоизолацијата. Осомничениот наместо да ги почитува насоките за самоизолација се однесувал спротивно на одлуките претходно донесени од Владата со што го прекршил Кривичниот законик. Тој во континуитет остварувал средби со неговите родители, братот, неговата пријателка, остварувал и средби во фирмата, а подоцна продолжува и со своето непридржување кон самоизолацијата“, истакна Петровска.

Таа информираше дека полицајците од ПС Карпош разговарале со обвинетиот при што тој изјавил дека не патувал во изминатиот период и со тоа дал лажен исказ дека немал остварено влез и излез во нашата земја.

„Накратко, лицето Ф.К. не придржувајќи се до прописите за време на епидемија постапувајќи несовесно и неодговорно заразил повеќе лица и со тоа допринел за ширењето на епидемијата“, рече Петровска.

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Венко Филипче

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Венко Филипче

Gepostet von TV21 am Montag, 30. März 2020