МВР со детали: При падот на дрвото во Скопје повредени биле две жени, едната потешко

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 02.07.2024 во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи. Според пријавеното, со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.