Министерството за здравство ќе се обиде да ја намали сумата од 8,5 милиони евра „пеналите“ кои треба да ги плати на италијанска компанија за неизградениот Клинички центар.
„Ние како Министерство сме организирани со правници за да ја разгледаме можноста да се намали побаруваната сума. Секако нема да биде таа сума, најчесто страната која побарува ги побарува сите средства што ги предвиделе во нивните калкулации за штети направени во однос на тој договор“, истакна Беким Сали.
Тој упати апел да не се избрзува со барања информации за тоа колку државата ќе биде оштетена и нагласи дека се трудат да бидат рационални и максимално организирани во однос на заштита на државата.
На прашањето кои се капиталните проекти на Министерството за здравство за овие пет години министерот Сали одговара:
„Во изминатиот период направени се неколку чекори напред во навремено услужување на граѓаните со здравесни услуги. Има зголемување на плати на здравствени работници кои во континуитет се зголемуваат. И можеме да кажеме дека во регионот во вреднување на трудот на здравствените работници сме земја лидер. А во делот на капиталните инвестиции секоја недела нешто промовираме:инсталации, пуштање во употреба на нова опрема“, додаде Беким Сали.
Како одговор на друго новинарско прашање поврзано со платата на директорката на Детска клиника, министерот Сали рече дека ќе бидат казнети или разрешени директори доколку под нивно влијание се формирале платите. Тој информира дека се чека Фондот за здравствено осигурување да направи увид и да го достави финалниот извештај, не само за Детската Клиника, туку и за четири други.
Инаку, Министерот го посети вакцналниот пункт за сезонски грип каде заклучно со вчерашниот ден аплицирани се 20.000 вакцини против сезонски грип, а закажани се 39.000 термини.
За првпат вакцинацијата започна на време во октомври. Вакцинацијата се реализира во пликлиниките Бит Пзар, Идадија, Ѓорче Петов како и во центарите за јавно здравје низ целата држава. Од следната недела ќе има имунизација во здравствените домови на терен:старечки домови и хемодијализните центри.
