На 60% обработени податоци, Силјановска-Давкова има предност од над 160.000 гласови пред Пендаровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 60% обработени податоци за претседателските избори, кандидатката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова има убедлива предност пред Стево Пендаровски од СДСМ.

Силјановска-Давкова има 305.640 гласови, додека Пендаровски има 141.984, што значи дека разликата е над 163 илјади гласови разлика на 40% до крајот на пребројувањето на гласовите.

Давкова се доближува до резултатот од првиот круг, кога имаше 363.085 гласови.