На 95% обработени податоци, СДСМ е повторно трета партија во Македонија позади ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 95% од обработени податоци на парламентарните избори во Македонија, СДСМ повторно падна на третото место по бројот на мандати, односно сега има 18 мандати, или еден помалку од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе оствари 59 пратеници, додека коалиција ВЛЕН (ВРЕДИ) ќе освои 13 мандати. Левица ќе освои шест, додека ЗНАМ – За наша Македонија ќе има 5 мандати.