На армискиот полигон Криволак се реализра вежбата „Блесок 26“ во која се реализираат сложени сценарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамки на вежбата „Блесок 26“, на армискиот полигон „Криволак“, тактичките активности на единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) продолжуваат со зголемен интезитет, при што на терен се реализираат сложени сценарија кои бараат брза адаптација и координирана реакција од страна на учесниците на вежбата.

„ЛПБГ спроведува активности во услови на различни симулирани тактички дејствија, со што се оценува нивната способност за навремено реагирање, координација и донесување одлуки во динамична средина. Во рамки на вежбовните активности се реализираат сценарија кои опфаќаат реакција при ненадејни закани и контакт со противник, спроведување на АБХО набљудување и извидување, постапување во услови на нарушување на безбедноста на воени објекти и обид на присилно влегување во истите, како и давање прва помош на повредени лица“, велат од АРМ.