На Димитриевски му смета албанското знаме во Влада, Касами со противодговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Токму оваа координативна средба меѓу министрите од коалицијата ВРЕДИ во просториите на Владата го натера првиот човек на Движењето Знам, Максим Димитриевски, да најави излегување од Владата. Всушност, причината за ова беше поставувањето на албанското знаме заедно со македонското и европското знаме. Димитриевски поставувањето на албанското знаме на координативната средба го нарече ДУИ-стичко однесување и вели дека во иднина нема да дозволи такво однесување.

Го прашавме и портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, зошто го оспоруваат поставувањето на албанското знаме со оглед на тоа дека станува збор за средба меѓу коалициските паетнери. Вели дека не сакаат јавноста тоа да го прецепира како провокација.

Билал Касами од коалицијата ВРЕДИ вели дека Максим Димитриевски не е тој кој треба даокаже кога и како да го користи. Очекуваат Димитриевски да го почитува националниот идентитет на Албанците.

„Не е Димитриевски тој што треба да каже кога и како ќе се користи националното знаме. Се надевам коалицискиот партнер, во случајов претседавачот на ЗНАМ, да излезе од предизборната реторика и да разбере дека сега сме дел од Владата и мора да работиме за граѓаните и да се справиме со обврските што сме ги земале во интерес на сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Националното знаме е важен сегмент од овој идентитет и очекуваме дека и Максим Димитриевски ќе го почитува овој важен елемент од националниот идентитет на Албанците.“, вели Касами.

Од ВРЕДИ ги повикуваат и министрите од редовите на Движењето ЗНАМ да се приклучат на следниот координативен состанок, и да се уверат дека не се разговара за ништо друго освен за ефикасноста на спроведувањето на програмските задачи.