На државата и се заканува длабока криза?! ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против вонредните состојби на Пендаровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неизвесно изгласувањето на одлуките на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба . Ова следи  откако  прво собранискиот спикер Талат Џафери  ја прекина седницата на која беа ставени  и  претседателските одлуки  за вонредна состојба во услови на КОВИД. Воедно  опозициската коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, донесе одлука да не гласа по одлуките бидејќи како што велат истите биле злоупотребени од страна на власта.

„Ставот на пратеничката група е дека ќе гласаме против овие одлуки за вонредна состојба од три причини . Првата причина е што одлуките за вонредна состојба беа донесени  за подобро справување со пандемијата за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијат. Втората основа за овие одлуки  беше за справување со економските последици и денес неколку месеци после овие одлуки за вонредна состојба имаме драстично влошување на економските состојби во државата со многу зголемена невработеност. И третата причина е што овие две основи на одлуките за прогласување на вонредна состојба справување со  кризата и помош на економијата за жал Владата ги злоупотреби и наместо да носи мерки кои би биле посветени на овие теми носеше уредби со законска сила кои беа злоупотребени“, рече Милошоски.

Собранискиот спикер Талат Џафери очекува  пратениците да ги изнесат ставовите на наредното  продолжување на седницата. Тој потенцираше дека до моментот на неговата изјава нема официјален став од ниту една пратеничка група .

„Засега немам официјален став ни од една од пратеничките групи особено од  опозицијата и во секој случај потребно е двотретинско мнозинство за потврдување на истите како одредба од Уставот. Затоа што одлуките се носат со двотретинско мнозинство, аналогно на тоа потврдувањето на истата, ако е донесена од овластен орган како што е Претседателот на државата во случајов, Собранието треба да ги потврди со двотретинско мнозинство“, рече Џафери.

Откако опозиционата коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ денеска ја донесе ваквата одлука се отвори прашањето што би значело ова од правен аспект и кои би биле последиците доколку одлуките не бидат изгласани со двотретинско мнозинство.

„За тоа има друга институција да каже што“, вели Џафери.

„Тоа најдобро да се консултираат правните експерти на надлежните институции како што се Владата,Претседателот,Уставниот суд и други надлежни институции“, вели Милошоски.

Кога претседателот дејствуваше опозицијата сеир гледаше ,вели поранешниот претседател на уставниот суд Трендафил Ивановски. Според Ивановски  многу ретка е состојбата во други земји  ваквите одлуки да бидат одбиени.

„Ние се наоѓаме во една длабока криза.  Што по вонредните мерки ? Тие беа прогласени во отсуство на парламент ..01.35 Претседателот делуваше опозицијата сеир гледаше .Ако не се донесеа мерките состојбата ќе беше драматична 01.55 откога тие ја извршија својата улога факт е дека безболно треба да биде ставени на Собранието на потврдување. Нема систем, многу ретко е некаде тие да се одбијат. Вообичаено самата положба налага да со една расправа заради јавноста да се одобрат.“, рече Ивановски.

Инаку според последната одлука на собранискиот спикер  одлуките нема да се гласаат денеска  бидејќи седницата е прекината и дополнително треба да се презакаже .За да бидат изгласани мора да бидат потврдени со двотретинско мнозинство.