Во големото финале на Евровизија моментално води Велика Британија со 235гласови, а веднаш зад неа се Шведска (214) и Шпанија (190)
Финалето на Евровизија започна точно во 21 часот во Торино, а македонските граѓани може да го проследат на МРТВ или во живо на Јутјуб каналот на Евровизија.
Во финалната вечер настапија претставници на 25 земји.
Годинава финалето ќе помине без Русија. Имено, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) уште во февруари објави дека ниту еден руски изведувач не може да настапи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, а истото важи и за блискиот сојузник на Русија, Белорусија.
Домаќини се Лаура Паузини, Мика и Алесандро Кателан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Започна финалето на Евровизија – кој ќе биде победник?
- Прва настапува Чешка, последна Естонија – еве го редоследот на Евровизија
- ВО ЖИВО: Коментаторот на Украина повторно од засолниште ги пренесува настаните на Евровизија
- Шпанската делегација вели: Подготвени сме да бидеме домаќини на Евровизија
- Италија повикува да се гласа за Констракта: Минатогодишните победници објавија видео посветено на српската претставничка
- ВИДЕО: Украинците на Евровизија порачаа: Ве молиме помогнете ни, помогнете му на Мариупол
- Манескин со нов сингл во Торино – Дамијано: Имам 2 совети за натпреварувачите
- Како гласаше Македонија на Евровизија?
