Најмалку 19 изгорени тела се пронајдени во северниот дел на Мексико, во близина на границата со САД, на подрачје каде што често се случуваат конфликти меѓу нарко-картелите.
Полицијата пронашла и две изгорени возила, посмртни останки кај местото Камарго, соопшти јавното обвинителство.
Во едно возило се пронајдени две дела, а во друго, кое било комбе, 17 тела.
Според првите истраги, жртвите се убиени со огнено оружје, а потоа нивните тела запалени.
Во Мексико минатата година се забележани вкупно 34 500 убиства, а насилствата растат од 2006 година кога борбата против шверцерите на дрога е во надлежност на војската.
