На местото на „Треска“ ќе никнат нови згради, во Центар повисоки казни за непрописно паркирани возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот во поранешната фабрика „Треска“ е предизвикан од човечки фактор, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во емисијата „Клик 21“. Тој истакна дека неколку месеци пред пожарот биле регистрирани неколку кражби на кабли и други предмети. Но, што ќе се гради на местото на „Треска“?

За овој предлог да се спроведе треба да биде изгласан и во Советот на Град Скопје. Герасимовски се осврна и на изградбата на кулите во центарот на Скопје.

Новина во општина Центар ќе биде и зголемувањето на казните за непрописно паркирање. Герасимовски рече дека на дневен ред на денешната седница на Советот е и точката за поскапување на пајаците, а цената ќе се искачи до 2.500 денари, што значи дека казните ќе се зголемат за над 50% од актуелната сума.