На Попова Шапка утрово -3 степени и 57 сантиметри снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попова Шапка утрово беше најстуденото место во Македонија со измерени -3 степени во 8:30 часот. Следуваа Лазарополе со -2, Маврово -1, а најтопло беше во Гевгелија каде беа измерени 8 степени.

На Попова Шапка има 57 сантиметри снег.

Времето денеска променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.