На Србија ќе и биде одземен олимписки медал и ќе биде доделен на Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зураби Датунашвили , поранешен репрезентативец на Србија во борење, повторно е во центарот на вниманието. Овој пат не затоа што беше етикетиран како еден од водачите на протестите во Грузија, каде што беше уапсен, а потоа пуштен од притвор, туку поради „спорниот“ медал од Олимпијадата во Токио во 2021 година.

А веста дека медалот е „спорен“ ја соопшти, ни помалку ни повеќе, претседателот на Хрватска,  Зоран Милановиќ. И тоа за време на доделувањето на наградите на најдобрите спортисти во Загреб.

Милановиќ ја навести можноста Иван Хуклек, член на боречкиот клуб Сесвете, сега да освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио. И сето тоа под услов бронзата да му биде одземена на Датунашвили, кој медал во Токио го освои за Србија.

Токму овие двајца борачи се сретнаа во борбата за бронза, во категоријата до 87 килограми, кога Зураб го прослави својот триумф.

„Денес слушнав дека манипулирал со примерокот од урината. Бидејќи овие примероци се чуваат осум години, измамниците и шарлатаните мора да се плашат дека раката и тупаницата на фер-плејот ќе ги стигнат во одреден момент. Тоа сега се случи. Наш човек ќе го добие медалот од 2021 година“, рече хрватскиот претседател.