На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, додека на ГП Богородица за излез времето на чекање за излез од државата е до 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфорира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.