Атмосферата меѓу репрезентативците во пресрет на мечот со Грузија е доста позитивна. Во духот на тренингот и играта, капитенот Енис Барди го „повлече“ за уши Трајковски.
Човекот кој го постигна победоносниот гол против Италија, се чини дека е во форма и вечерва да ја затресе противничката мрежа.
Македонската репрезентација ќе се соочи со екипата која забележа победа против Бугарија со 5-2, но овој резултат не го загрижува премногу селекторот Милевски.
Чуварот на голот, Димитриевски бара поддршка од навивачите, бидејќи, како што вели, поинакво е чувството да се игра на домашен терен.
Мечот Македонија-Грузија се игра вечерва на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Со евентуална победа, Македонија може да се искачи на врвот во групата во 7 бода.
