„На владата не и треба широка коалиција“ – Мицкоски: Широка коалиција да, за да го распуштиме Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски не се согласува со идејата за формирање широка коалиција. Тој ова синоќа го изјави во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде објасни дека нема потреба од ваква влада бидејќи владиниот кабинет, според него, успешно се справува со енергетската и економската криза.

Шефот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја отфрли ваквата идеја за влез во владата. Мицкоски синоќа во емисијата 360 степени рече дека ќе учествува во ваква влада, но само со една цел:

Ковачевски уште еднаш повтори дека Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, додавајќи дека е на редовни средби со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Запрашан дали е можно Алијансата за Албанците да влезе во коалицијата, Ковачевски рече дека конкретно не разговарале за такво нешто.

Идејата за широка коалиција ја побара претседателот на Демократската партока, Павле Трајанов, пред неколку дена. Според него, со широка владина коалиција земјата полесно ќе се справи со сите кризи во кои се наоѓа.