Началникот на СВР Скопје Топаловски: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје, околу новиот систем „Сејф Сити“ во емисијата „Претрес со Ландов“ кажа дека возачите кои брзале во болница нема да се казнуваат, и дека тоа ќе се проверува.

„Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот. Ако човекот оди во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери, и казната ќе се повлече. Но ќе биде казнет ако завршил некаде на кафенце“, рече Топаловски, додавајќи дека системот е така направен да не може ниту една снимка да биде избришана.

„Системот е дизајниран да не може да се избрише виде запис. Снимките отануваат трајно, но не знам колку точне. Не може да се случи прекршок, а да не биде процесиран“, изајви Топаловски кој кажа дека систмеот ќе регистрира погрешно престојување, побрзо возење, недозволено возење, непропуштање пешак, а следно е користење на мобилен и некористење на појас.