Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ги отфрли повиците на демонстрантите да поднесе оставка, откако десетици илјади луѓе се побунија против промената на политиката на неговата влада кон Русија, јавува Ројтерс.
Организаторите проценија дека околу 60.000 луѓе вчера протестираа во Братислава против владата на Фицо, а низ целата земја, според медиумите, се собраа речиси 100.000 луѓе, што се најголемите протести откако Фицо се врати на власт во 2023 година.
Протестите, според британската агенција, потсетуваат на собирите во 2018 година, кога убиството на истражувачката новинарка предизвика масовни демонстрации и го принуди Фицо да поднесе оставка.
Новите протести дојдоа по приватната посета на Фицо во Москва во декември за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, ретка средба за лидер на Европската унија откако Русија ја нападна Украина во 2022 година.
🚨VEJA – Milhares de pessoas foram às ruas da Eslováquia exigir a renúncia de Robert Fico, primeiro-ministro comunista e amigo de Putin! pic.twitter.com/wyZg2bSckO
— SPACE LIBERDADE (@NewsLiberdade) January 25, 2025
