Претседателот на Владата Зоран Заев на денешната прес конференција посочи дека туристичките водичи ќе добијат поддршка со плата.
„Над 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември. Ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина од 21.776 денари“, посочи Заев.
Премиерот најави дека за поддршка на туризмот обезбедиле и враќање на туристичката такса за 2019 година на 4.740 хотелиерски субјекти во висина од 2 милиони евра.
„Со овој пакет ја носиме и мерката грантови за туристичките агенции, навистина беа директно погодени. Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции во земјата а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра кадешто ќе дадеме грантови од 3.000 до 7.000 евра“, објасни Заев.
