Над 20 општи лекари чекаат да се вработат во Кичево додека болницата се соочува со недостиг од кадар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Недостиг од медицински кадар во Кичево, додека повеќе од 20 лекари се невработени.

За да се потврди оваа состојба, нашата екипа ја посети Агенцијата за вработување во Кичево, каде побара податоци за бројот на лекари пријавени како невработени.

Раководителката на Агенцијата, Ардијана Цуцули Сејдини, соопшти дека моментално се евидентирани 18 невработени лекари.

„Моментално во нашата евиденција лица активни кои бараат работа, пријавени дека имаат завршено медицина, односно општа медицина, се пријавени околу 14 лица кои активно бараат работа и се пријавуваат секој месец, потоа имаме и оние кои се пријавуваат пасивно – се 4 лекари.“, истакна Ардијана Цуцули Сејдини.

Но, иако во Агенцијата за вработување се пријавени 18 невработени лекари, извори на ТВ21 велат дека на последниот конкурс за прием на лекари во Општата болница во Кичево се пријавиле 24. Го прашавме министерот за здравство Азир Алиу. Тој вината ја префрли на претходните влади за лошо менаџирање со реорганизацијата на буџетот.

„Исто така се случило и со човечките капацитети, денеска се произведуваат секаде медицински сестри и лекари. Од друга страна, здравството има потреба од овие, но никогаш не се предвидени во буџет за вработувања, значи што правиме за да се заобиколи овој долгогодишен проблем и не можеме брзо да го решиме, но правиме национална стратегија со Министерството за образование.“, порача Азир Алиу.

Освен лекарите, во Кичево има и голем број магистри од различни профили кои се невработени. Според податоците на Агенцијата за вработување, моментално се евидентирани 31 невработен магистер.

„Моментално имаме околу 28 активни баратели, и тоа од различни насоки, главно економски насоки, правни науки, потоа прехранбена индустрија, јазици и други. Кај магистрите моментално, иако бројката може да се промени – може во момент да се вработи некој, да се пријави некој друг – бројката на пасивни баратели на работа е 3.“, вели Ардијана Цуцули Сејдини.

Во Општина Кичево, вкупниот број на активни баратели на работа е 2.755. Повеќето од нив се корисници на социјална помош и, за да не им биде прекината оваа помош, редовно се пријавуваат.