Над 5000 прекршоци регистрирани, продолжува поставувањето на камери низ Скопје, следни се Тетово и Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи интензивно поставува камери на крстосници и булевари низ Скопје како дел од проектот „Безбеден град“.

Новите камери, кои веќе се инсталирани на улицата Васил Чакаларов, ќе помогнат во санкционирање на разни сообраќајни прекршоци како брзо возење и поминување на црвено светло.

Иницијативата наскоро ќе се прошири и во други градови како Тетово и Куманово, а и на клучни автопатишта.

За ефективно функционирање на системот се предвидени и законски измени.

Првичните тестови покажаа дека системот за кратко време успешно детектирал над 5.000 прекршоци.