Надлежните конфузни во изјавите за стоковите резерви – велат имаме резерви, но бараат помош од Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред само два дена директорот  на Агенцијата за стокови резерви Реси Абдурамани рече дека нема  потреб а за паника и загриженост, бидејќи   Македонија има доволно  стокови резерви.

Сепак вчера претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече  дека Северна Македонија побарала помош за  пченица.

„Денеска Северна Македонија побара од нас да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да го испорачаме нема никаков проблем за тоа. Они купуваат пченица од нас и секогаш ќе имаме и за регионот и за нас и за Северна Македонија и за Црна Гора и за Албанија и помалку потреба имаат  Босна и Херцеговина ако треба и за нив“, истакна Александар Вучиќ.

Претседателот Пендаровски вели дека тој лично разговарал со министерот за надворепни работи на Србија кој два дена по таа одлука бил во посета на Македонија.

„Јас го прашав директно може ли да направите отстапка ако нам ни треба бидејќи Србија и самата на својата територија има житници, но ги има тие залихи и од порано направено заради своите специфични релации со Русија и Украина“, посочи Стево Пендаровски.

Пред само неколку дена претседателот Стево Пендаровски ја информираше јавноста дека имаме доволно неопхподни производи, освен ако не потрае кризата со месеци. Македонија иако важи за земја која живее од земјоделството голем дел од производите ги увезува.