Најголемиот кит на светот: Атракција во Европа која следната година може да стане светски хит

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Невообичаена глетка што претставува огромен кит како се издигнува кон небото ќе се реализира до следната година, за кога е предвидено и завршување на проектот.

Музејот за набљудување китови и и нивниот живот во северните длабочини дефинитивно го заслужува интересот којшто веќе го предизвикува.

Китот комбинира извонредна архитектура покрај драматичниот пејзаж што го опкружува, проектот е потпишан од данското архитектонско студио Дорте Мандруп, кое победи и покрај силната конкуренција на меѓународниот натпревар.

Доколку сакате да го видите ова дело со свои очи, ќе мора да патувате околу 300 километри северно од Арктичкиот круг, односно до островот Андија за кое се смета дека е едно од најдобрите места во светот за гледање на китови.

Покрај уживањето во оваа живописна дестинација составена од планински врвови и мочуришта, овој проект ќе овозможи посетителите да научат повеќе за китовите, што преку научен пристап, што преку уметност и архитектура.

Покрај локацијата, морето не замрзнува таму, а зимите се прилично благи, што ја прави оваа област живописна туристичка дестинација.

Посетителите ќе можат да ја набудуваат оваа убавината на областа кај заоблениот покрив на музејот.