Најмалку 12 загинати и петмина повредени во автобуска несреќа во Индонезија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од пет се повредени во автобуска несреќа во градот Паданг Панџанг во Индонезија, соопшти официјален претставник.

Според извештаите, автобусот ја изгубил контролата и се превртел поради дефект на сопирачките, објави Синхуа.

„Автобусот имаше дефект на сопирачките додека се движеше со голема брзина. Не можеше да сврти во кривината и се преврте“, рече Аркес Рефагус, раководител на сообраќајната управа во Паданг Панџанг.