Најмалку 15 непалски работници загинаа во лавина на Хималаите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 15 непалски работници загинале откако лавина затрупала планински камп на Хималаите во централниот дел на Непал, кој работниците го подготвувале за странски планинари. Едно лице и понатаму се води како исчезнато, изјавил денеска Тул Синг Гурунг, претставник на непалските спасувачки служби.

Тој за „Ројтерс“ изјавил дека несреќата се случила во текот на викендот и дека станува збор за најтешката несреќа во текот на есенската планинарска сезона, која завршува овој месец.

Гурунг навел дека се мали шансите за пронаоѓање на исчезнатиот работник и дека спасувачката операција најверојатно наскоро ќе биде завршена.