Најмалку 19 лица исчезнаа во свлечиште во југозападна Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 19 жители исчезнаа во лизгање на земјиштето во југозападната кинеска провинција Гуиџоу, соопштија кинеските власти.

Во моментов се во тек операции за пребарување и спасување, јавува Синхуа.

Два одделни свлечишта утринава ги погодија градовите Чангши и Гуова во округот Дафанг, соопшти агенцијата.