Најмалку 78 лица се удавија откако брод се преврте на езеро во Конго

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку 78 лица се удавија откако брод со 278 патници се преврте денеска на езерото Киву во Демократска Република Конго, објави гувернерот на провинцијата Јужен Киву, Жан Жак Пуриси.

„Ќе бидат потребни најмалку три дена за да се добијат точните бројки, бидејќи сè уште не се пронајдени сите тела“, рече Париси.

Од соседната провинција Северен Киву беше соопштено дека несреќата ја преживеале 58 лица.